УШТЕ ЕДНАШ ЈА ИЗМАМИВ СМРТТА, КАЖА БЕРЛУСКОНИ ОТКАКО ГО ПОБЕДИ КОВИД-19

    УШТЕ ЕДНАШ ЈА ИЗМАМИВ СМРТТА, КАЖА БЕРЛУСКОНИ ОТКАКО ГО ПОБЕДИ КОВИД-19Берлускони помина во болница 10 дена поради сериозен облик на коронавирус (Фото: ЕПА)

    Бившиот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека уште еднаш успеал да ја измами смртта откако излезе од болницата во Милано, каде што десетина дена се лекуваше од ковид-19.

    „Го надминав можеби најтешкиот предизвик во мојот живот. Можам гордо да кажам дека дури и овојпат успеав да се извлечам“, изјави 83-годишниот Берлускони, откривајќи дека се борел со опасен случај на коронавирус.

    Берлускони беше хоспитализиран на 4 септември и лекарите потоа кажаа дека му се појавила двојна пневмонија.

    „Првите три дена беа навистина тешки. Ковид-19 е сериозна и многу опасна болест“, порача тој.

    Своевремено опишан од лекарите како „технички бесмртен“, Берлускони имаше низа здравствени проблеми уште од 1990-ите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари