ВАЈОМИНГ СТАНА ПРВАТА ДРЖАВА ВО САД КОЈА ГИ ЗАБРАНИ АПЧИЊАТА ЗА АБОРТУС

    ВАЈОМИНГ СТАНА ПРВАТА ДРЖАВА ВО САД КОЈА ГИ ЗАБРАНИ АПЧИЊАТА ЗА АБОРТУСТаблетите за абортус се најчестиот метод за прекинување на бременоста во САД. (Фото: Гети)

    Вајоминг стана првата држава во САД која ги забрани апчињата за абортус, откако нејзиниот гувернер потпиша Предлог-закон со кој нивното препишување или продажба е нелегално. Прекршувањето на законот се казнува со затвор до шест месеци и парична казна од 9.000 долари. Жените „на кои им е извршен или имало обид за хемиски абортус“ нема да бидат кривично гонети.

    Таблетите за абортус се најчестиот метод за прекинување на бременоста во САД.

    Нацрт-законот во Вајоминг, кој овој месец беше усвоен од законодавниот дом на државата контролиран од републиканците, значи дека е незаконско „препишување, издавање, дистрибуција, продажба или употреба на кој било лек со цел да се набави или да се изврши абортус“. Законот треба да стапи на сила на 1 јули.

    Овој закон не се однесува на таканаречените апчиња „за следното утро“ по сексуалниот однос, или за третман за заштита на жена чие здравје или живот се во опасност. Тој, исто така, го дозволува третманот на „природен спонтан абортус според моментално прифатените медицински упатства“.

    Директорот на Американската унија за граѓански слободи во Вајоминг, Антонио Серано, го критикуваше законот.

    „Здравјето на една личност, а не политиката, треба да ги води важните медицински одлуки – вклучително и одлуката за абортус“, рече тој.

    Вајоминг има само една клиника каде се вршат абортуси – Клиниката за женско здравје и семејна грижа во Џексон. Државата е една од многуте во кои правните борби околу забраните за абортусот се во тек откако Врховниот суд ја смени значајната пресуда „Ро против Вејд“ од 1973 година за легализирање на абортусот. Повеќе од десетина сојузни држави донесоа речиси целосни забрани за абортуси, од кои неколку беа ставени во мирување од судовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира