ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „МОДЕРНА“ ПРЕД ОДОБРУВАЊЕ ВО САД

    ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „МОДЕРНА“ ПРЕД ОДОБРУВАЊЕ ВО САДВо САД вчера почна да се дава вакцината развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“ (Фото: АП)

    Американските регулатори заклучија дека вакцината против ковид-19 на „Модерна“ е безбедна и 95-процентно ефективна, со што се овозможува нејзино итно одобрување во САД. Доколку биде одобрена од Агенцијата за храна и лекови (ФДА), таа ќе стане втора вакцина во САД која ќе може да се користи во масовната имунизација.

    Ова следува само ден откако во САД почна да се дава вакцината развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“, чии први три милиони дози се наменети за здравствените работници и штитениците на старечките домови. Предноста на вакцината на „Модерна“ е што не мора да се чува на ултраниски температури при складирањето и транспортот.

    ФДА ќе се изјасни за вакцината на „Модерна“ в петок и ако биде одобрена, дистрибуцијата ќе почне во следните 24 часа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира