ВЕДНАШ ПО ИНАУГУРАЦИЈАТА, БАЈДЕН ЌЕ ПОТПИШЕ НИЗА ИЗВРШНИ ОДЛУКИ СО КОИ ЌЕ СЕ ПОНИШТАТ ПОЛИТИКИ НА ТРАМП

    ВЕДНАШ ПО ИНАУГУРАЦИЈАТА, БАЈДЕН ЌЕ ПОТПИШЕ НИЗА ИЗВРШНИ ОДЛУКИ СО КОИ ЌЕ СЕ ПОНИШТАТ ПОЛИТИКИ НА ТРАМПБајден веднаш ќе ги направи првите потези во борбата против пандемијата и климатските промени (Фото: Ројтерс)

    Џо Бајден ќе потпише 15 извршни одлуки веднаш откако денеска ќе положи заклетва за нов претседател на САД, кажаа негови соработници. Добар дел од нив ќе бидат поништување на политиките на неговиот претходник Доналд Трамп, а тој ќе ги преземе и првите чекори во борбата против пандемијата и климатските промени.

    Бајден ќе ја прекине постапката за повлекување на САД од Светската здравствена организација и ќе ја врати земјата во Парискиот климатски договор.

    Тој ќе потпише извршна наредба со која ќе се централизира националниот одговор на ковид-19, со цел да се координира дистрибуцијата на заштитна опрема, вакцини и тестови. Во таа насока, Бајден ќе побара од Американците да носат маска во наредните 100 дена, а носењето маска и социјалното дистанцирање ќе станат задолжителни во сите федерални објекти.

    Бајден ќе потпише и извршна наредба со која ќе се поништат еколошки штетните одлуки на Трамп во последните четири години, како и наредба со која се прекинува изградбата на ѕидот на границата со Мексико.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира