ВЕНЕЦУЕЛА И ГВАЈАНА СЕ ДОГОВОРИЈА ДА НЕ КОРИСТАТ СИЛА ВО СПОРОТ ЗА РЕГИОН БОГАТ СО НАФТА

    ВЕНЕЦУЕЛА И ГВАЈАНА СЕ ДОГОВОРИЈА ДА НЕ КОРИСТАТ СИЛА ВО СПОРОТ ЗА РЕГИОН БОГАТ СО НАФТАНиколас Мадуро Ирфан Али кажаа дека се посветени на мир во регионот (Фото: ЕПА)

    Венецуела и Гвајана се договорија да не користат сила за да го решат нивниот спор околу регионот богат со нафта Есекибо. По средбата со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, на неутрален терен, лидерот на Гвајана, Ирфан Али, кажа дека се посветени на мир во регионот, но и дека Гвајана има право да го експлоатира својот суверен простор.

    Имавме ден со извонреден дијалог“, напиша Мадуро на Икс.

    Во заедничката декларација на три страници, Венецуела и Гвајана се согласија дека нема да се закануваат или да користат сила едни кон други во какви било околности и дека ќе продолжат со дијалог. Двајцата претседатели повторно ќе разговараат за Есекибо на средба во Бразил.

    Есекибо е џунгла која зафаќа две третини од територијата на Гвајана, за кој двете земји водат спор со децении. Спорот дополнително се заостри откако во 2015 беше пронајдена нафта покрај брегот на Есекибо.

    На референдумот во Венецуела пред неполни две недели, на кој излезноста беше само 10%, гласачите ја отфрлија надлежноста на Меѓународниот суд на правдата врз Есекибо и го поддржаа формирањето на нова државна покраина. Мадуро потоа им нареди на државните нафтени компании да издадат дозволи за ископувања во Есекибо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира