Истражувањата покажуваат дека вештачката интелигенција ги насочува корисниците кон поидеална и предвидлива форма на јазикот, со што се намалуваат варијациите во вокабуларот и структурата на речениците.
Студија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, во која се анализирани научни списанија и медиумски содржини, утврдила дека стилската разновидност нагло опаднала по појавата на Чет-ГПТ.
Истражувачите од институтот Макс Планк забележале дека одредени зборови карактеристични за вештачката интелигенција сè почесто се појавуваат во секојдневната комуникација.
Експертите велат дека и луѓето кои не ја користат оваа технологија почнале да пишуваат слично на јазичните модели за да постигнат впечаток на повлијателен стил. Алекс Махадеван од институтот Поинтер вели дека таквото пишување е граматички точно, но често делува бездушно и просечно.
Податоците од 2025 година покажуваат дека значителен дел од малите бизниси и поединците веќе користат вештачка интелигенција за комуникација, што според лингвистите може да доведе до губење на автентичниот човечки глас.



