ВИЕТНАМ ГО ПРИЈАВИ ПРВИОТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОВИД-19 ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА

    ВИЕТНАМ ГО ПРИЈАВИ ПРВИОТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОВИД-19 ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТАДо оваа недела, Виетнам 100 дена немаше ниеден случај на локално пренесување на вирусот (Фото: Ројтерс)

    Виетнам го пријави првиот смртен случај од ковид-19 досега, откако со месеци спроведуваше ефективна политика во справувањето со епидемијата. Државните медиуми објавија дека 70-годишен маж од централниот град Хои Ан е првата жртва на ковид-19 во земјата.

    Земјата со 96 милиони жители 100 дена немаше ниеден нов случај на зараза, пред да се појави кластер во популарниот туристички ресорт Дананг пред една недела. Министерството за здравство објави дека денеска има 45 нови случаи на коронавирус (вкупно 509 досега), што е најголем дневен пораст во земјата од почетокот на пандемијата.

    За разлика од многу други држави, Виетнам брзо реагираше и ги затвори границите уште пред коронавирусот да се појави во земјата. Домашните жители кои се враќаа во земјата одеа во државен 14-дневен карантин и беа тестирани. Ова му овозможи на Виетнам од средина на април да нема ниеден случај на локално пренесување на вирусот. Голем удар за напорите на земјата се случи оваа недела кога нови случаи на коронавирус беа откриени во Дананг, кога во градот беа десетици илјади туристи.

    Дананг во средата беше ставен во карантин, а масовни тестирања почнаа и во главниот град Ханој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира