Популарниот британски актер Идрис Елба ја повика Владата веднаш да ги забрани мачетите и таканаречените зомби-ножеви, кои се популарни меѓу младата популација. Ѕвездата на „Лутер“ започна кампања наречена „Не запирај ја својата иднина“, и вели дека со тоа сака да покаже оти „нацијата сака да види дека ние навистина се грижиме за нашата младина“.
„Гледаме пораст, а не пад и тоа треба да се промени“, рече Елба на настап пред британскиот Парламент. „Она што симболично ќе го каже ‘забраната’ е дека нашето општество нема толеранција за тоа“, додаде актерот, повикувајќи ја Владата веднаш да ја донесе забраната.
Тој ја повика владата да свика меѓупартиска, меѓувладина работна група која ќе ги обедини засегнатите страни кои имаат улога во справувањето со криминалот со нож.
Елба, исто така, лобира за поголемо финансирање на проектите и услугите за младите лица, и објави песна „Ножевите долу“ (Knives down), како обид да се справи со сериозното насилство меѓу младите.