ВЛАСТА НА ТРАМП ЈА ЗАБРАНИ КНИГАТА ЗА ДЕЦА НА ОСКАРОВКАТА ЏУЛИЕН МУР

    ВЛАСТА НА ТРАМП ЈА ЗАБРАНИ КНИГАТА ЗА ДЕЦА НА ОСКАРОВКАТА ЏУЛИЕН МУРКнигата на Мур е полуавтобиографска приказна за седумгодишно девојче кое не ги сака своите пеги, но на крајот ќе научи да живее со нив кога ќе сфати дека е поинаква „исто како и сите други“. (Фото: Гети)

    Администрацијата на Трамп ја забрани детската книга на актерката оскаровка Џулијан Мур од 2007 „Пегавата јагода“ (Freckleface Strawberry) во училиштата со кои раководи Министерството за одбрана, објави таа на нејзиниот Инстаграм профил.

    „Бев шок кога дознав дека мојата прва книга е забранета од администрацијата на Трамп во училиштата со кои раководи Министерството за одбрана“, напиша Мур.

    Книгата е полуавтобиографска приказна за седумгодишно девојче кое не ги сака своите пеги, но на крајот ќе научи да живее со нив кога ќе сфати дека е поинаква „исто како и сите други“. Рекламата за книгата вели: „Од прославената актерка Џулијан Мур и наградуваната илустраторка Леујен Фам доаѓа прекрасна приказна за мало девојче кое е различно исто како и сите други“.

    Во меморандум од 10 февруари, Министерството за одбрана објави дека неколку книги и материјали за учење биле отстранети од наставните програми на часовите и означени за ревизија. Меѓу нив се и книгата на Мур, како и „Да се стане Никол“ (Becoming Nicole), биографија на трансродовата актерка Никол Мејнс.

    Мур, дипломец на американското средно училиште во Франкфурт управувано од Министерството за одбрана и ќерка на виетнамски ветеран, додаде дека е особено тажна што „децата како неа, кои растат со родител во воената служба ќе немаат пристап до книга напишана од некој чие животно искуство е толку слично на нивното“.

    „Не можам, а да не се запрашам што е толку контроверзно во оваа сликовница што ја забрани американската влада“, рече Мур. „Навистина сум тажна и никогаш не мислев дека ќе го видам ова во земја каде слободата на говорот и изразувањето е уставно право“, додаде актерката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира