ВЛЕЗ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА АЛКОХОЛ И КАНАБИС ВО КВЕБЕК САМО СО ДОКАЗ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД

    ВЛЕЗ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА АЛКОХОЛ И КАНАБИС ВО КВЕБЕК САМО СО ДОКАЗ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИДКлиентите ќе мора да покажат доказ за вакцинација за да влезат во продавниците за алкохол и за канабис кои се во државна сопственост. (Фото: Гети)

    Продавниците за алкохол и канабис во канадската провинција Квебек ќе бараат од купувачите да покажат доказ за вакцинација, поради порастот на нови случаи на ковид-19. Новата мерка стапува на сила од 18 јануари. Здравствените власти велат дека се надеваат оти мерката ќе поттикне повеќе луѓе да се вакцинираат.

    Новите случаи се зголемуваат во Квебек и покрај тоа што регионот има една од највисоките стапки на вакцинација во светот. Во четвртокот, здравствените власти предупредија на цунами од нови приеми во болница. Министерот за здравство на Квебек Кристијан Дубе, изјави дека клиентите ќе мора да покажат доказ за вакцинација за да влезат во продавниците за алкохол и за канабис кои се во државна сопственост.

    „Само велам дека ако не сакате да се вакцинирате, останете дома. Ако невакцинираните се незадоволни поради тоа, има многу едноставно решение: да се вакцинираат“, рече тој, додавајќи дека наскоро ќе има нови ограничувања.

    Веќе се бара доказ за вакцина за влез во здравствените установи, театрите, баровите и за спортските и изведби во затворени простории. Воведен е полициски час секој ден од 22 до 5 часот.

    Над 109.000 случаи на ковид-19 беа регистрирани во провинцијата во период од седум дена до 6 јануари – околу 15.000 нови случаи дневно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира