ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ПУЧ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ НАЦИЈАТА ОД ТРАМП, ВЕЛИ АНОНИМЕН ФУНКЦИОНЕР

    ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ПУЧ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ НАЦИЈАТА ОД ТРАМП, ВЕЛИ АНОНИМЕН ФУНКЦИОНЕРГолем број функционери внимателно работат однатре за да ја попречат агендата на Трамп (Фото: АП)

    Неименуван функционер откри дека членови на администрацијата работат на попречување на агендата на Трамп, со цел да ја заштитат земјата од неговите „најлоши намери“.

    Во воведниот текст на денешниот „Њујорк тајмс“, авторот вели дека „неморалноста и импулсивноста на Трамп доведоа до лоши и несовесни одлуки“.

    Трамп го опиша анонимниот автор како кукавица, а весникот како лажен.

    „Мистериозниот автор на текстот е обична кукавица и би требало да поднесе оставка“, изјави портпаролот на Трамп.

    Весникот застана во одбрана на текстот:

    „Ние сме многу горди што го објавивме овој текст, кој на јавноста ѝ дава значителен увид во она што се случува во администрацијата на Трамп“.

    Текстот уследи неколку дена по излегувањето на уште една книга против Трамп, напишана од легендарниот новинар Боб Вудворд, кој вели дека неколкумина функционери се вклучени во „пуч“, за да се заштити нацијата од сопствениот претседател. Тие, меѓу другото, му отстранувале клучни документи од бирото пред тој да успее да ги потпише.

    Овој текст е прв доказ дека има вистина во зборовите на Вудворд.

    Авторот вели дека тој/таа не е либерален оперативец и се согласува со голем број политички цели на оваа администрација.

    „Голем број високи функционери од администрацијата внимателно работат однатре за да ја попречат агендата на Трамп. Знам, јас сум еден од нив. Да биде јасно, ова не е левичарско движење на отпорот. Ние сакаме оваа администрација да успее“, се вели во текстот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира