ВО АЛЕП СЕ УБИВААТ ЦИВИЛИ НА ЛИЦЕ МЕСТО, АЛАРМИРАА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:29:"Алеп,(АлЏезира)

    ВО АЛЕП СЕ УБИВААТ ЦИВИЛИ НА ЛИЦЕ МЕСТО, АЛАРМИРАА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    Владините сили имаат извршено егзекуции на цивили во Алеп, вклучувајќи жени и деца, велат од Обединетите нации, додека привршува битката за најголемиот град во Сирија.

    „Силите лојални на претседателот Башар ал-Асад во неколку случаи влегувале по домовите на граѓаните и ги убивале сите тие што биле внатре, а во други случаи ги убивале на лице место додека тие се обидувале да побегнат,“ изјави Руперт Колвил, портпаролот на Kанцеларијата за човекови права на ОН. Тој ја нарече ситуацијата „комплетен распад на човештвото “.

    Колвил рече дека владејачките сили во понеделникот убиле 82 граѓани, вклучувајќи 13 деца и 11 жени, во три од населбите освоени тој ден од власта.

    Стравот расте за околу 80.000 граѓани заглавени во површина од 2 квадратни километри, додека бунтовниците се организираат за еден последна одбрана во останатото парче територија во источен Алеп. Многумина од граѓаните стравуваат дека ако го напуштат местото одат во сигурна смрт.

    Русија и Турција вчера беше договорија прекин на огнот и евакуација на борците и цивилите од последните квартови под контрола на бунтовниците, но тоа се уште не се спроведува на терен.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира