ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА ЗАГИНА БИЗНИСМЕНОТ КОЈ МИНАТИОТ МЕСЕЦ ЛЕТАШЕ ВО ВСЕЛЕНАТА СО КОМПАНИЈАТА НА ЏЕФ БЕЗОС

    ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА ЗАГИНА БИЗНИСМЕНОТ КОЈ МИНАТИОТ МЕСЕЦ ЛЕТАШЕ ВО ВСЕЛЕНАТА СО КОМПАНИЈАТА НА ЏЕФ БЕЗОСДе Врис не кажа колку платил за летот во вселената, но рече дека вредело. (Фото: Блу Ориџин)

    Глен де Врис, американскиот бизнисмен кој минатиот месец леташе во вселената со компанијата на Џеф Безос „Блу Ориџин“, загина во авионска несреќа. Тој имаше 49 години, соопшти полицијата во Њу Џерси.

    Авионот Цесна-127 паднал близу Њу Џерси, во четвртокот околу 15 часот по локално време, а покрај Де Врис, загинал и 54-годишниот Томас Фишер.

    Минатиот месец, Де Врис помина 10-тина минути во вселената, а заедно со него во леталото „Њу Шепард“ беа актерот Вилијам Шетнер, австралискиот бизнисмен Крис Бошуизен и директорката на „Блу Ориџин“ Одри Пауерс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира