Американски воен авион се урна денеска во северна Австралија за време на заеднички воени вежби меѓу двете земји. Австралиската полиција подоцна објави дека во инцидентот биле повредени 23 американски маринци. Пет од нив со хеликоптер се префрлени во болница. Еден од хоспитализираните е во критична состојба, на останатите им е дадена лекарска помош на лице место.
Авионот Ви-22 Оспреј“ (V-22 Osprey) се урнал северно од Дарвин, главниот град на регионот Северна Територија.
Засега не е утврдена причината за авионската несреќа, која австралискиот премиер Ентони Албанезе ја нарече трагичен инцидент.