ВО БРИТАНИЈА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН КАРАНТИН ОД 10 ДЕНА ВО ХОТЕЛ КОЈ САМ СИ ГО ПЛАЌАШ 1.750 ФУНТИ

    ВО БРИТАНИЈА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН КАРАНТИН ОД 10 ДЕНА ВО ХОТЕЛ КОЈ САМ СИ ГО ПЛАЌАШ 1.750 ФУНТИХотел однапред се резервира преку владин сајт, а во цената се вклучени престојот, транспортот и тестирањето (Фото: ПА)

    Од вчера, сите британски и ирски државјани и жители на Велика Британија кои се враќаат во Англија од високоризични држави мора да одат во самоизолација во хотел. „Црвената листа“ вклучува 33 држави, како Јужна Африка, Бразил, Аргентина, Португалија и Обединети Арапски Емирати.

    Оваа регулатива има за цел да го спречи внесувањето на новите, попреносливи варијанти на коронавирус во земјата, а десетдневен престој во еден од хотелите определени од владата ги чини 1.750 фунти оние кои се изолираат. Тие сами плаќаат и мора однапред да резервираат хотел преку владин сајт, а во цената се вклучени престојот, транспортот и тестирањето. Прекршувањето на правилото ќе се казнува со суми до 11.500 фунти, но и со затвор до десет години.

    Во Шкотска, ова правило важи за сите кои се враќаат во земјата, не само за државјаните на овие 33 држави.

    Се тестирав за коронавирус и беше негативен, не знам зошто мора да останам во хотелска соба десет дена. Цената на престојот е превисока и луда за десет дена, но барем собата не е лоша. Ми кажаа дека храната ќе ми ја оставаат пред вратата“, изјави 23-годишниот Бразилец Рожер Гонсалвес, кој е во карантин во хотелот „Радисон блу едвардијан“ во близина на аеродромот „Хитроу“.

    Зари Тадајон (66) е во изолација откако вчера се врати од Дубаи.

    Ужасно ми е, зашто всушност живеам во Лондон и тука имам свој дом. Не сум подготвена за ова, а имам и здравствени проблеми“, вели таа.

    Владата кажа дека досега постигнала договор со 16 хотели, обезбедувајќи речиси 5.000 соби за новиот карантински систем, а на чекање се уште 58.000 соби. Ако некој сака да остане во соба со уште еден возрасен или со дете над 12 години мора да доплати 650 фунти, а за дете од пет до 12 години е 325 фунти. За време на карантинот, сите двапати ќе бидат тестирани за коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира