ВО ЧИСТКАТА НА ЕРДОГАН СУСПЕНДИРАНИ 9.000 ПОЛИЦАЈЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:31:"Турција(Би-Би-Си)

    ВО ЧИСТКАТА НА ЕРДОГАН СУСПЕНДИРАНИ 9.000 ПОЛИЦАЈЦИ

    Турските власти велат дека скоро 9.000 полицајци се суспендирани поради сомнеж за врски со обидот за пуч викендот.Околу 6.000 судии и војници, меѓу кои и 103 генерали и адмирали, се уапсени. Суспендирани се и многу гувернери на провинции и судии. Претседателот Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ги исчисти институциите во земјата од „вирусот“ што го предизвика бунтот.

    Американскиот државен секретар Џон Кери ја истакна важноста од демократско владеење. Говорејќи во Брисел, каде се сретна со министрите за надворешни работи на ЕУ, Кери рече дека САД се на страната на избраното раководство во Турција: „Секако дека ќе поддржиме организаторите на пучот да се изведат пред правдата – но исто така предупредуваме дека сме против потези што ќе го надминат тоа“.

    Ердоган вчера рече дека Турција ќе размисли да ја врати смртната казна, што наиде на остра спротиставеност од лидерите на ЕУ.

    „Ниедна земја не може да стане членка на ЕУ ако воведе смртна казна“ , рече шефицата на ЕУ дипломатијата Фредерика Могерини. Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека таков потег би ставил крај на апликацијата на Турција за влез во ЕУ. Смртната казна е укината во Турција во 2004 како дел од обидот да влезе во ЕУ. Никој не е  погубен во земјата од 1984.

    Премиерот Бинали Јилдирим рече дека 208 „маченици“ загинале во неуспешниот воен удар, меѓу кои 60 полицајци, 3 војници и 145 цивили. Ранети се 1.491 човек, а убиени се 24 пучисти, помалку отколку што беше кажано претходно.

    Полицијата и јавниот обвинител денеска ја претресоа воздухопловната база Инџирлик близу границата со Сирија. Базата ја користат воените авиони на коалицијата предводена од САД во нападите против Исламска држава во Сирија. Турција ги ограничи летовите од базата веднаш по обидот за пуч. Полицијата ја претресе и воената воздухопловна академија во Истанбул, а обвинителите го испрашуваат порнешниот командант на военото возухопловство Акин Озтурк, осомничен за лидер на пучот.

    Могерини ја истакна важноста да надвладее правото, и рече дека министрите се загрижени за „она што се случува во Турција во овие часови“ – референца на тековните апсења.

    „Турција мора да ги почитува демократијата, човековите права и основните слободи“, рече Могерини.

    Јоханес Хан, комесарот кој во Брисел се занимава со преговорите за членство на Турција во ЕУ, рече дека се чини оти турската влада уште пред пучот имала спремна листа на луѓе што ќе ги уапси. Турската влада вели дека уште пред неуспешниот пуч имала информации за „тајна организација“ која работела во државните структури.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари