ВО ФРАНЦИЈА СЕ БЛОКИРААТ РАФИНЕРИИ И СЕ ОЧЕКУВААТ 260 ПРОТЕСТИ ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ ПЕНЗИСКИ РЕФОРМИ

    ВО ФРАНЦИЈА СЕ БЛОКИРААТ РАФИНЕРИИ И СЕ ОЧЕКУВААТ 260 ПРОТЕСТИ ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ ПЕНЗИСКИ РЕФОРМИСиндикатите велат дека се обидуваат да ја фрлат француската економија на колена (Фото: АФП)

    Испораките на гориво се блокирани од сите француски рафинерии, додека демонстрантите се обидуваат да го запрат животот во Франција поради владините планови за покачување на старосната граница за одење во пензија од 62 на 64 години.

    „Штрајкот почна насекаде“, изјави Ерик Селини од синдикалната организација ЦГТ.

    Ова е шестиот ден на штрајкови и протести од средина на јануари и синдикатите најавија дека ќе бидат најголеми досега. Најголем дел од железничкиот и метро превоз е запрен, а повеќето школи се затворени. Денеска се очекуваат најмалку 260 протести низ Франција, во кои, според полицијата, би можеле да учествуваат меѓу 1,1 и 1,4 милиони луѓе.

    Бидејќи владата не дава сигнали дека ќе го повлече својот пензиски план, еден од синдикалните лидери Емануел Лепан кажа дека блокирањето на испораките на гориво има за цел да ја фрли француската економија на колена. Во внатрешноста на Франција има осум големи рафинерии и ЦГТ соопшти дека сите се блокирани, но не е познато колку ќе трае тоа.

    Досегашните протести не ѝ нанесоа голема штета на економијата, а за предлог-законот веќе се расправа во парламентот. Претседателот Макрон ги опиша реформите како суштински зашто се предвидува дефицит во пензискиот систем на земјата во следните 25 години.

    Големите европски економии веќе ја покачија старосната граница за пензија, при што во Италија, Германија и Шпанија изнесува 67 години, а во Велика Британија е 66 години.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира