ВО ГЕРМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПРВПАТ ЌЕ ИМА ГЛУВ ПРАТЕНИК

    ВО ГЕРМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПРВПАТ ЌЕ ИМА ГЛУВ ПРАТЕНИКХојбах беше кандидат за пратеник на изборите во 2021 година, но тогаш за малку не влезе во парламентот. (Фото: СПД)

    Баварската политичарка Хајке Хојбах ќе стане првиот глув член на германскиот парламент, Бундестагот, следната недела.

    44-годишната социјалдемократка Хојбах ќе го преземе местото на досегашниот пратеник на СПД Ули Греч, кој го напушта Бундестагот за да стане комесар на сојузната полиција.

    Хојбах беше кандидат за пратеник на изборите во 2021 година, но за малку не влезе во парламентот. Претседателот на Германската федерација на глуви, Хелмут Фогел, кажа дека влегувањето на Хојбах е значаен чекор за заедницата на знаковниот јазик во Германија.

    Претседателката на Бундестагот, Бербел Бас, исто така, социјалдемократка, рече дека влегувањето на Хојбах во парламентот е силен знак на инклузија.

    „Администрацијата во Бундестагот со месеци се подготвуваше интензивно да ѝ овозможи на Хајке Хојбах да го извршува својот мандат без бариери“, кажа таа.

    Според Бас, во пленарната сала ќе има преведувач на знаковен јазик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира