ВО ХОЛАНДИЈА ЕКСПЛОДИРАШЕ ЦЕНТАР ЗА ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОРОНАВИРУС, ПОЛИЦИЈАТА ВЕРУВА ДЕКА Е ПОДМЕТНАТО

    ВО ХОЛАНДИЈА ЕКСПЛОДИРАШЕ ЦЕНТАР ЗА ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОРОНАВИРУС, ПОЛИЦИЈАТА ВЕРУВА ДЕКА Е ПОДМЕТНАТОИнцидентот во Бовенкарспел се случи на денот кога во Холандија почнаа да се олеснуваат мерките (Фото: АП)

    Центар за тестирање за коронавирус во град во близина на Амстердам експлодираше непосредно пред да биде отворен утрово. Холандската полиција верува дека центарот во Бовенкарспел, 55 километри северно од Амстердам, бил цел на напад.

    „Во експлозијата нема повредени. Таа се случи во 6:55 часот и полицијата го окружи местото. Веројатно е подметната, вакво нешто не се случува туку-така. Се чини дека нешто метално ја предизвикало експлозијата, но тоа ќе го утврдат истражителите“, изјави портпаролот на локалната полиција Мено Хартенберг.

    Регионот околу руралниот град Бовенкарспел моментално се соочува со едно од најголемите ширења на коронавирусот во земјата, со 181 заразен на 100.000 жители, Во остатокот на земјата стапката е 27 заразени на 100.000 луѓе.

    Токму денеска, во Холандија се случи прво олеснување на мерките во изминатите неколку месеци, откако повторно почнаа да работат фризерските салони и несуштински продавници. Полицискиот час од 21 до 4:30 часот останува на сила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира