ВО ИНДИЈА ОТКРИЕНА ВАРИЈАНТА НА КОРОНАВИРУС СО ДВОЈНА МУТАЦИЈА

    ВО ИНДИЈА ОТКРИЕНА ВАРИЈАНТА НА КОРОНАВИРУС СО ДВОЈНА МУТАЦИЈАИндиските власти негираат дека зголемениот број нови случаи на коронавирус е поврзан со мутациите (Фото: АП)

    Нова варијанта на коронавирус која содржи двојна мутација е откриена во примероци собрани во Индија. Здравствените власти испитуваат дали оваа варијанта е позаразна или можеби поотпорна на постојните вакцини.

    Мутации во вируси се вообичаени и најголем дел од нив се беззначајни и не предизвикуваат поголема трансмисија или сериозна болест.

    „Двојна мутација не е научен израз, туку станува збор за уште една мутација која се чини уникатна за Индија. Засега нема никаки докази дека таа е попренослива или посмртоносна“, изјави Раманан Лаксминарајан, основачот на Центарот за динамика на болести во Њу Делхи.

    Варијантата со двојна мутација е пронајдена во повеќе од 200 примероци во тешко погодената западна држава Махараштра, во која спаѓа и Мумбај. Индиските власти негираат дека последното зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус е поврзан со мутациите, откако во земјата се детектирани и соеви што потекнуваат од Велика Британија, Бразил и Јужна Африка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира