ВО ИТАЛИЈА НАЈМАЛА БРОЈКА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ДЕНА, ШПАНИЈА СЕГА ИМА ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ

    ВО ИТАЛИЈА НАЈМАЛА БРОЈКА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ДЕНА, ШПАНИЈА СЕГА ИМА ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИШпанија се надева дека полека го надминува врвот на заразата (Фото: АП)

    Италија ја бележи најмалата бројка мртви од КОВИД-19 во последните 10 дена откако во изминатите 24 часа починале 681 пациент, 85 помалку во споредба со вчера. Со тоа вкупната бројка починати во земјата порасна на 15.326.

    Регистрирани се и 4.805 нови случаи на коронавирус, што е во рамките на просекот од изминатиот период. Благодарение на овој тренд, Италија сега има помала бројка заразени од Шпанија. Од досега заразените 124.632 луѓе, заздравиле над 20.000.

    И покрај тоа, премиерот Педро Санчес изјави дека Шпанија е блиску до надминување на врвот на заразата откако бројката починати од КОВИД-19 забележа пад втор ден по ред. Во последните 24 часа починале 809 луѓе, што е најмала бројка во изминатите седум дена, а има и 7.026 новозаразени, а вкупно 124.736 досега. Во Шпанија досега починале 11.744 пациенти.

    Санчес го продолжи карантинот во земјата најмалку до 25 април, велејќи дека рестриктивните мерки спасуваат животи.

    „Ова се најтешките денови во нашите животи. Јасно е дека шпанската економија ќе мора да се задолжи од идните генерации за да се справи со пандемијата“, кажа Санчес.

    Во Велика Британија има 708 мртви во еден ден, што е рекорд за земјата, а вкупната бројка порасна на 4.313.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира