ВО КАЛИФОРНИЈА СЕ СЛАВЕШЕ ПОВЕЌЕ ОД НОВА ГОДИНА, МАРИХУАНАТА ПОЧНА ЛЕГАЛНО ДА СЕ ПРОДАВА

    ВО КАЛИФОРНИЈА СЕ СЛАВЕШЕ ПОВЕЌЕ ОД НОВА ГОДИНА, МАРИХУАНАТА ПОЧНА ЛЕГАЛНО ДА СЕ ПРОДАВАСе проценува дека овој бизнис до 2020 година ќе вреди седум милијарди долари годишно (Фото: ЛА тајмс)

    Една минута по полноќ, Ник Хјуз славеше повеќе од нова година: тој го имаше првиот муштерија кој легално можеше да си купи марихуана, откако Калифорнија на 1 јануари стана најголемата сојузна држава во САД која легализираше рекреативна употреба на канабис.

    „Тој нѐ чекаше да отвориме. Беше многу возбуден и изгледаше почестено што е првиот купувач воопшто“, изјави Хјуз, сопственик на продавница која доби лиценца за продавање на марихуана.

    Пред 14 месеци, жителите на Калифорнија ја изгласаа историската одлука, која стапи на сила дури 20 години откако таа стана првата сојузна држава која ја легализираше медицинската марихуана.

    Околу 90 продавници добија лиценца да продаваат марихуана веднаш по нова година, но се очекува нивниот број да расте во наредните недели. Засега тие се сконцентрирани само во четири области и секој град ќе има сопствени регулативи и дистрибуција. Марихуана ќе може да купи секој што има над 21 година и најмногу ќе смее да поседува 28 грама или шест стебла дома.

    „Можеме да доставиме марихуана за 20 минути. Тоа е како пица. До пладне, послуживме 350 муштерии, до крајот на денот можат да бидат илјада. Ова е нешто што долго го чекавме. Луѓето, конечно, ќе сфатат дека тревата не е ништо лошо. Таа им помага на луѓето“, кажа Вил Сен од „Урбан лиф“.

    Калифорнија очекува и голема финансиска добивка од оваа одлука: се проценува дека до 2020 година овој пазар ќе вреди седум милијарди долари годишно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира