ВО КИЕВ ПРОГЛАСЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОТКАКО ЗАЧЕСТИЈА БОМБАРДИРАЊАТА

    ВО КИЕВ ПРОГЛАСЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОТКАКО ЗАЧЕСТИЈА БОМБАРДИРАЊАТАВо денешните напади на Киев загинале четири лица (Фото: АП)

    Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, прогласи 35-часовен полициски час во градот, почнувајќи од вечерва, откако Русите ги засилија бомбардирањата.

    „Ќе биде забрането да се движи низ градот без специјална дозвола, освен за одење во скривница. Киев е срцето на Украина и ќе биде одбранет. Нема да го предадеме Киев. Ова е тежок и опасен момент за градот и затоа барам од жителите да бидат подготвени да останат дома два дена, односно во скривниците ако се огласат сирените“, изјави Кличко.

    Втор ден по ред, во Киев гореа висококатници откако беа погодени во руските воздушни напади. Кличко кажа дека во денешното ракетирање загинале четири лица.

    Киев досега беше поштеден од жестоки борби, за разлика од Харкив и Мариупол, но руската војска се доближува до градот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира