Новозеландската полиција потврди дека во Јужна Кореја е уапсена жена во врска со убиството на двете деца кои беа пронајдени во куфери минатиот месец. Останките биле пронајдени од семејството кое ги купило куферите на онлајн аукција од едно складиште во Окленд.
Телата биле складирани повеќе години, а корејската полиција потврди дека децата биле на возраст од седум и десет години. Нов Зеланд побара екстрадиција на осомничената жена.
Полицијата соопшти дека тесно соработувала со властите на Јужна Кореја во изминатите недели за да се пронајде жената, која е во 40-ти години, верувајќи дека таму се наоѓа. Во меѓувреме бил утврден идентитетот на убиените деца, чии имиња не се објавени.
Жената била уапсена во стан во градот Улсан.
Локалните медиуми веднаш објавија дека убиецот е роднински поврзан со жртвите. Семејството живеело во Окленд неколку години, а таткото на децата починал кратко пред тие да бидат убиени.