Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека имало најмалку 14 напади на украинските болници од почетокот на руската инвазија.
СЗО додава дека веројатно имало и други напади. Како резултат на овие напади загинале најмалку девет луѓе, а 16 биле повредени.
„СЗО силно ги осудува овие напади. Напади на здравствените установи претставуваат кршење на меѓународното право и загрозуваат животи“, соопшти организацијата.