ВО САД И АВСТРАЛИЈА ОТКАЖАНИ СТОТИЦИ ЛЕТОВИ ПРЕД БОЖИЌ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ОМИКРОН

    ВО САД И АВСТРАЛИЈА ОТКАЖАНИ СТОТИЦИ ЛЕТОВИ ПРЕД БОЖИЌ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ОМИКРОНШирењето на омикрон во САД тешко ги погоди и авиокомпаниите (Фото: АП)

    Американските авиокомпании беа принудени да откажат стотици летови за Божиќ поради големиот број заразени членови на екипажот и други вработени.

    „Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека откажала 120 летови предвидени за денеска, додека „Делта ер лајнс“ откажала околу 90 летови. Двете компании кажаа дека се во контакт со патниците со цел да не останат заглавени на аеродромите.

    „Националното ширење на омикрон оваа недела имаше директно влијание врз нашите екипажи и други вработени. Како резултат на тоа, принудени сме да откажеме некои летови откако ги исцрпивме сите опции“, соопшти „Јунајтед“.

    Слична е ситуацијата и во Австралија, каде што се откажани над 100 внатрешни летови во пресрет на Божиќ, откако на вработените во авиокомпаниите им беше наредено да се тестираат и изолираат среде порастот на бројот на заразени. За денеска се откажани најмалку 117 летови од Сиднеј и Мелбурн. Портпаролот на аеродромот во Сиднеј потврди дека се откажани 80 од 500-те домашни летови од и кон градот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира