ВО ШПАНИЈА РЕКОРДНИ 209 ПОЧИНАТИ ВО ЕДЕН ДЕН ОД КОРОНАВИРУСОТ

    ВО ШПАНИЈА РЕКОРДНИ 209 ПОЧИНАТИ ВО ЕДЕН ДЕН ОД КОРОНАВИРУСОТШпанија им кажа на сите туристи да си одат дома до вторник (Фото: Гети)

    Шпанските власти објавија дека во последните 24 часа во земјата починале 209 луѓе од коронавирусот, што е нов црн рекорд во еден ден. Вкупната бројка починати со тоа порасна за цели 30%, на 767.

    Министерството за здравство соопшти дека во земјата досега се регистрирани 17.147 заразени, што е за 3.431 повеќе во однос на вчера.

    Шпанија пред неколку дена воведе национален карантин и им забрани на луѓето да излегуваат од дома, освен за одење на работа и купување храна и лекови.

    „Сите хотели во земјата ќе биде затворени од 24 март и до тогаш сите гости мора да ги напуштат“, објави шпанската влада.

    Мадрид останува најпогодена област, со 5.637 заразени и 390 починати.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира