ВО СРБИЈА ПРИВЕДЕНИ ПЕТМИНА АНТИВАКСЕРИ, ЕДЕН ОД НИВ СЕ ВАКЦИНИРАЛ ПРОТИВ КОВИД-19

    ВО СРБИЈА ПРИВЕДЕНИ ПЕТМИНА АНТИВАКСЕРИ, ЕДЕН ОД НИВ СЕ ВАКЦИНИРАЛ ПРОТИВ КОВИД-19Србија е еден од светските лидери во имунизацијата против ковид-19 (Фото: Гети)

    Петмина антиваксери се приведени оваа недела во Србија поради кампањата против вакцинирањето, а еден од нив примил вакцина против ковид-19, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

    „Од петтемина антиваксери кои се приведени, еден се вакцинирал и истовремено ширел најстрашни можни лаги за вакцинирањето. Значи, тој се заштитил себеси, а им кажува на други дека не треба да се вакцинираат. Тоа е најстрашно лицемерие. Антиваксерите ги загрозуваат националната безбедност и животите на луѓето, така што на социјалните мрежи шират паника и лажни вести“, изјави Брнабиќ.

    Србија е еден од светските лидери во имунизацијата против ковид-19. Од речиси седум милиони жители, над 2,5 милиони ја примиле првата доза од вакцината против ковид-19, а над еден милион и втората, односно над 15% од популацијата е целосно вакцининирана.

    „И покрај силното антиваксерско лоби, ние сме најдобри во Европа според бројот на вакцинирани“, додаде Брнабиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира