ВО ЦЕНТАРОТ НА АТИНА СЕ УРНА ПЕТКАТНА СТАНБЕНА ЗГРАДА, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ВО ЦЕНТАРОТ НА АТИНА СЕ УРНА ПЕТКАТНА СТАНБЕНА ЗГРАДА, НЕМА ПОВРЕДЕНИУривањето се случи додека на соседната парцела се вршеле работи за рушење на двокатна зграда (Фото: Катимерини)

    Петкатна станбена зграда во централниот атински кварт Петралона се урна за време на рушење на соседна зграда, но сите жители успеаја навреме да ги напуштат своите домови и нема пријавено повредени.

    Снимките на државната телевизија „ЕРТ“ покажаа куп урнатини каде што некогаш се наоѓаше зградата со седум стана.

    Инцидентот се случи додека на соседната парцела се вршеле работи за рушење на двокатна зграда заради изградба на нова зграда. Уривањето било постепено, па три лица кои биле внатре успеале навреме да избегаат. Подоцна било лоцирано и четвртото лице кое во прв момент било пријавено како исчезнато.

    На местото на настанот првично биле испратени кучиња трагачи за да ги пребаруваат урнатините, како и осум противпожарни и три амбулантни возила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира