ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЌЕ ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ТВРДИ ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО ВОЕНО РАЗУЗНАВАЊЕ

    ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЌЕ ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ТВРДИ ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО ВОЕНО РАЗУЗНАВАЊЕУништен руски хеликоптер во Украина (Фото: Украинска армија)

    Војната против Русија ќе достигне пресвртна точка во средината на август и ќе заврши до крајот на годината, кажа шефот на украинското воено разузнавање во интервју за „Скај Њуз“.

    Генерал мајорот Кирило Буданов кажа:

    „Пресвртната точка ќе биде во втората половина од август. Најголем дел од активните борбени акции ќе завршат до крајот на годината. Како резултат, ние ќе ја обновиме украинската власт на сите територии кои ги загубивме, вклучувајќи ги Донбас и Крим“.

    Украинскиот генерал вели дека Русија претрпува огромни загуби, но не сакаше да зборува за украинските загуби. Тој додава дека не е изненаден што Русија има толкави загуби во војната, бидејќи, како што вели, руската моќ е мит.

    „Европа гледа на Русија како на голема закана. Тие се плашат од нејзината агресија. Ние се бориме со Русија осум години и можеме да кажеме дека е мит руската моќ, на која и се дава голем публицитет. Не е моќна како што се мисли. Тоа е толпа луѓе со оружје“, вели Буданов.

    Тој тврди дека рускиот пораз во Украина ќе доведе до отстранување на рускиот претседател Владимир Путин и дека веќе е во тек пуч против него, но не обезбеди докази за ова тврдење.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира