ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ВЛЕГУВА ВО ТРЕТИОТ МЕСЕЦ, ЗЕЛЕНСКИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ АКО БИДАТ УБИЕНИ БРАНИТЕЛИТЕ НА МАРИУПОЛ

    ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ВЛЕГУВА ВО ТРЕТИОТ МЕСЕЦ, ЗЕЛЕНСКИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ АКО БИДАТ УБИЕНИ БРАНИТЕЛИТЕ НА МАРИУПОЛУкраинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција во киевското метро. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Украинските преговарачи ќе се повлечат од мировните разговори со Москва ако Русија ги убие украинските војници кои сè уште се засолнети во железарницата Азовстал во Мариупол, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    „Ако нашите луѓе бидат убиени во Мариупол, Украина ќе се повлече од преговарачкиот процес“, кажа Зеленски на прес-конференција во киевското метро.

    Бранителите, кои се припадници на маринците, граничната служба, полицајци и баталјонот Азов, се последните украински сили останати во Мариупол, кој е под контрола на руските сили по неколкунеделно бомбардирање. Според извештаите од Украина, во железарницата има и цивили.

    Војната во Украина денеска влегува во третиот месец, откако руските сили навлегоа во Украина на 24 февруари. Руските сили се обвинети за злосторства против човештвото откако бомбардираа болници и цивили засолнети во театар, а беа откриени и масовни гробници.

    Откако не успеа да го освои Киев, Русија се насочи кон освојување на истокот на Украина, но засега украинските сили го држат фронтот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира