ВОЈНИК УБИ 20 ЛУЃЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ТАЈЛАНД

    ВОЈНИК УБИ 20 ЛУЃЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ТАЈЛАНДВојникот Џакрапант Тома го убил својот надреден офицер, пред да украде оружје од касарна (Фото: Фејсбук)

    Војник уби 20 луѓе и повреди десетици други во вооружен напад во тајландскиот град Након Рачасима.

    Џакрапант Тома го убил својот надреден офицер, пред да украде оружје од касарна, соопшти портпаролот на тајландското министерство за одбрана. Осомничениот потоа отишол во центарот на градот и влегол во трговски центар, каде што сѐ уште е забаракадиран.

    Осомничениот, чии мотиви остануваат нејасни, објави слики од неговиот напад на социјалните мрежи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари