ВОЈСКАТА ИЗЛЕГУВА НА УЛИЦИТЕ НА СИДНЕЈ ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПОЧИТУВАЊЕТО НА КАРАНТИНОТ

    ВОЈСКАТА ИЗЛЕГУВА НА УЛИЦИТЕ НА СИДНЕЈ ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПОЧИТУВАЊЕТО НА КАРАНТИНОТВојската ќе патролира заедно со полицијата (Фото: ЕПА)

    Австралија ќе распореди стотици војници во Сиднеј за да се обезбеди спроведувањето на карантинот. Тој беше воведен поради ширењето на делта сојот на коронавирусот и од јуни, бројот на заразени порасна на 3.000, а девет лица починаа.

    Австралиските војници ќе почнат да патролираат од понеделник и ќе ѝ помагаат на полицијата да се обезбеди дека луѓето ги почитуваат правилата.

    Карантинот ќе биде на сила најмалку до 28 август, при што на луѓето им се забранува да излегуваат надвор, освен за неопходни потреби. Бројот на заразени продолжи да расте, иако карантинот беше воведен пред пет недели. Денеска се регистрирани 170 нови случаи.

    „Војската ќе помогне, зашто мал број сиднејци сметаат дека правилата не важат за сите“, изјави министерот за внатрешни работи на Нов Јужен Велс, Дејвид Елиот, додека критичарите сметаат дека ова е загрижувачки потег за една либерална демократија.

    Само 17% од населението во Австралија е вакцинирано, што е најмала стапка меѓу богатите држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира