ВООРУЖЕН НАПАД НА АВТОБУС СО УЧЕНИЦИ ВО КОСОВО, ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ

    ВООРУЖЕН НАПАД НА АВТОБУС СО УЧЕНИЦИ ВО КОСОВО, ТРОЈЦА ЗАГИНАТИЗагинати се возачот на автобусот и двајца тинејџери, а уште еден тинејџер е повреден. - Од увидот по нападот (Фото: Клан Косова/принтскрин)

    Непознати напаѓачи пукаа во автобус со ученици вечерва во Косово, убивајќи тројца, соопшти полицијата локалните медиуми.

    Вооружениот напад се случи во Глоѓане, 90 километри западно од Приштина, а извршители биле маскирани, според првичните извештаи во косовски медиуми. Загинати се возачот на автобусот и двајца тинејџери, а уште еден тинејџер е повреден.

    Во автобусот имало 8 лица. Засега е непознат мотивот за нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира