ВОЗНЕМИРЕНОСТ ВО ШВЕДСКА ОТКАКО ШЕФОВИТЕ НА ВОЈСКАТА ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА ЗЕМЈАТА ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВОЈНА

    ВОЗНЕМИРЕНОСТ ВО ШВЕДСКА ОТКАКО ШЕФОВИТЕ НА ВОЈСКАТА ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА ЗЕМЈАТА ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВОЈНАПо два века мир и воена неутралност, Шведска аплицираше за членство во НАТО (Фото: Гети)

    Предупредувањата од водечките луѓе на шведскиот одбранбен сектор дека земјата треба да се подготви за војна предизвикаа загриженост и обвинувања за ширење паника.

    Министерот за цивилна заштита Карл-Оскар Болин на прес-конференција кажа дека би можело да има војна во Шведска, на што се надоврза шефот на војската генералот Микаел Биден, изјавувајќи дека сите Швеѓани ментално би требало да се подготват за таква можност.

    Опозициските политичари приговорија на тонот на предупредувањата. Бившата премиерка Магдалена Андерсон призна дека безбедносната ситуација е сериозна, но додаде дека „војната не е баш на прагот на Шведска“. Организацијата за правата на децата Брис објави дека на нејзината телефонска линија за помош почнала да добива повици за можноста за избивање војна.

    Забелешките на министерот и на генералот се сметаат како повик за будење. По два века мир и воена неутралност, Шведска аплицираше за членство во НАТО, за што и натаму се чека зелено светло од Турција и Унгарија.

    Генералот Биден вели дека неговите забелешки не се ништо ново и дека немал намера да ги загрижи луѓето. Тој го посети источниот фронт во Украина пред еден месец, а Шведска е една од земјите кои ги обучуваат украинските пилоти. Шведска исто така размислува да испрати борбени авиони „грипен“ во Украина.

    Финска веќе се придружи на НАТО и руски функционери ја предупредија дека прва ќе страда ако се влошат тензиите со западната воена алијанса.

    Шведските вооружени сили се неверојатно моќни, но далеку од потребниот обем. Украина имаше 25 бригади на почетокот на војната, додека последниот буџет на шведската војска зборува за 3,5 бригади“, изјави експертот Оскар Јонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира