ВТОРА СТРАНСКА НАУЧНИЧКА НАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКИ ОСТРОВ

    ВТОРА СТРАНСКА НАУЧНИЧКА НАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКИ ОСТРОВ35-гпдишната астрофизичарка Натали Кристофер исчезнала откако отишла да трча на грчкиот остров Икарија. (Фото: Фејсбук)

    Телото на исчезнатата британска туристка Натали Кристофер во Грција е пронајдено на островот Икарија, соопшти локалната полиција. По нејзиното исчезнување во понеделникот беше организирана голема потрага на земја, копно и во море.

    Кристофер, 35-годишна астрофизичарка, била на островот заедно со партнерот, но таа не била во апартманот кога нејзиниот партнер се разбудил. Тој ѝ се јавил и таа му рекла дека отишла да трча, но откако не се вратила по неколку часа, партнерот ја пријавил за исчезната.

    Таа е втората научничка најдена мртва за време на посета на Грција во изминативе неколку месеци. Американската научничка Сузан Итон присуствуваше на конференција на островот Крит во јули, кога исчезна, исто така, додека трчала. Нејзиното тело беше најдено подоцна и убиството го призна 27-годишен маж.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира