ВТОРА ЖРТВА НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА, 10 ГРАДОВИ НА СЕВЕРОТ СТАВЕНИ ВО КАРАНТИН

    ВТОРА ЖРТВА НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА, 10 ГРАДОВИ НА СЕВЕРОТ СТАВЕНИ ВО КАРАНТИНБројката заразени во регионите Ломбардија и Венето се зголеми на 50 (Фото: АФП)

    Италија стана прва европска земја чии државјани починаа од коронавирусот КОВИД-19. Седумдесет и петгодишна жена од Ломбардија почина набргу по смртта на 78-годишник во болницата во Падова, северна Италија.

    Италијанската агенција АНСА објави дека бројката заразени во регионите Ломбардија и Венето се зголемила на 50. Прв случај е пријавен и во северниот регион Пиедмонт, а еден пациент е ставен во изолација во Умбрија.

    Како резултат на ова, властите ги затворија сите јавни објекти во десет градови во северна Италија. Најмногу заразени има во градот Кодоњо – 32. Таму е хоспитализиран и првиот пациент, 38-годишник кој се заразил откако бил во контакт со некого кој неодамна се вратил од Кина. Заразени се и неговата сопруга и еден пријател и Министерството за здравство нареди 14-дневен карантин за сите кои биле во контакт со нив.

    „Сите универзитети во Венето се затворени поради вонредната состојба со вирусот и така ќе биде до следната недела“, изјави претседателот на регионот Лука Ѕаја.

    Градоначалникот на Кодоњо издаде наредба за затворање на сите ресторани, кафулиња, училишта и други јавни места во градот. Министерството им препорача на локалните жители да не излегуваат од дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира