ВУЧИЌ РАСПИША ИЗБОРИ ВО СРБИЈА ЗА 25 ОКТОМВРИ

    ВУЧИЌ РАСПИША ИЗБОРИ ВО СРБИЈА ЗА 25 ОКТОМВРИВучиќ на овие избори ќе се бори да стане премиер, предводејќи ја листата „Обединета Србија“ (Фото: Фејсбук)

    Александар Вучиќ го распушти Народното собрание на Србија и распиша вонредни општи избори за 25 октомври. Тој ја образложи одлуката за избори со тензиите во општеството и со политичките поделби, сметајќи дека нивното одложување би ги загрозило ЕКСПО и опстанокот на демократијата во земјата.

    Студентите во блокада, кои одржуваа редовни протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024, кажаа дека се спремни за избори и победа. Тие рекоа дека во следните денови ќе ја објават својата листа.

    Откако објави оставка од претседателската функција, Вучиќ на овие избори ќе се бори да стане премиер, предводејќи ја листата „Обединета Србија“, чиј дел ќе биде и Српската радикална партија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира