ВУЧИЌ СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРБИЈА

    ВУЧИЌ СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРБИЈАВучиќ ќе стапи на претседателската функција, која e речиси сосем церемонијална, на крајот на мај, но се очекува де факто да ја задржи власта преку контролата на неговата Прогресивна партија која владее со Србија; - на гласање дојде со ќерка му Милица (Фото: Ројтерс)

    Конзервативниот српски премиер Александар Вучиќ победи на претседателските избори во првиот круг, со повеќе од 55,8 проценти од гласовите, според агенцијата Ипсос чија проекција е врз основа на статистички примерок.

    Според Ипсос, поранешниот народен правобранител Саша Јанковиќ е втор со 15 отсто од гласовите. Лука Максимовиќ, кој се кандидираше како сатиричниот лик Љубиша Прелетачевиќ – Бели, е најголемото изненадување на кампањата и изборите – заврши на третото место со 9,3 отсто гласови.

    Лука Максимовиќ, кој се кандидираше како сатиричниот лик Љубиша Прелетачевиќ – Бели, е најголемото изненадување на кампањата и изборите – заврши на третото место со 9,3 отсто гласови (Фото: Ројтерс)

    Се очекува конечниот исход да се смени за малку, но разликата е премногу голема за можна голема промена што би значело и евентуален втор круг. Проекцијата е во согласност со прогнозите на Ипсос.

    На изборите имаше 11 кандидати.

    Одѕивот беше 55 отсто, 2 проценти помалку отколку на изборите во 2012.

    Вучиќ ќе стапи на претседателската функција, која речиси сосем церемонијална, на крајот на мај, но се очекува де факто да ја задржи власта преку контролата на неговата Прогресивна партија која владее со Србија.Резултатот е политичко понижување за српската безлична опозиција, која вели дека владеењето на Вучиќ станува се повеќе автократско, дека тој ги контролира медиумите откако неговата партија дојде на власт во 2012, а тој стана премиер пред 3 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира