За денеска се планира евакуација од опколениот украински град Мариупол, според Петро Андриушенко, советник на градоначалникот на Мариупол.
„Денеска во 11 часот (по локално време), евакуацијата на граѓаните на Мариупол до Запорижја ќе почне од трговскиот центар ‘Порт Сити’ Тргнувањето на колоната е закажана за 12 часот по рутата Мариупол-Манхуш-Бердјанск-Токмак-Орикив-Запорижја“, напиша Андриушенко на Телеграм, додавајќи дека приватни возила можат да се приклучат на колоната, но само жени, деца и постари лица ќе можат да се качат во автобусите.
Украинските власти велат дека 100.000 цивили сè уште се останати во градот, кој со недели е бомбардиран од руските сили, кои контролираат најголем дел од градот. Украина постојано апелира до руската страна да дозволи безбедни коридори за цивилите, но неколку претходни обиди за евакуација беа неуспешни поради гранатирање и други опасности на рутите.