ЗА РАЗЛИКА ОД САД И БРИТАНИЈА, НА ПОВЕЌЕТО СИРОМАШНИ ЗЕМЈИ ЌЕ ИМ ТРЕБААТ НЕКОЛКУ ГОДИНИ ЗА ДА ПОСТИГНАТ МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19

    ЗА РАЗЛИКА ОД САД И БРИТАНИЈА, НА ПОВЕЌЕТО СИРОМАШНИ ЗЕМЈИ ЌЕ ИМ ТРЕБААТ НЕКОЛКУ ГОДИНИ ЗА ДА ПОСТИГНАТ МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19Светот се наоѓа на прагот на нова голема поделба поради нееднаквата дистрибуција на вакцини (Фото: Гети)

    Повеќето сиромашни земји нема да постигнат масовна имунизација против ковид-19 најмалку до 2024 година, а некои и никогаш, велат нови анализи, додавајќи дека тоа ќе доведе до нова голема поделба во светот во наредните години.

    Земји како Велика Британија, САД и Израел веројатно ќе остварат широко распространета вакцинација до крајот на оваа година, што не ги вклучува само приоритетните и ранливите групи, туку и остатокот од населението. Според истражувачката група Economist Intelligence Unit, тие ќе бидат следени од други развиени држави до средина на 2022, а повеќето од земјите со средни примања ќе постигнат целосна имунизација до крајот на следната година.

    „Во исто време, 84-те земји кои спаѓаат во групата сиромашни нема да добијат доволно дози вакцини уште најмалку четири години, со што последиците од пандемијата глобално ќе се чувствуваат до средината на деценијата. Тоа ќе ги дефинира глобалната економија, глобалниот политички пејзаж, патувањата, речиси сѐ“, вели Агате Демарез, која го подготви извештајот на организацијата.

    Таа додава дека иако првите вакцини против ковид-19 беа одобрени на крајот на 2020, за повеќето земји, крајот на ширењето на заразата е далеку уште најмалку една година.

    Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, неодамна изјави дека светот се наоѓа на раб на катастрофален морален неуспех поради нееднаквата дистрибуција на вакцини досега.

    „Над 40 милиони дози досега се дадени на околу 50 држави, од кои повеќето се богати или среднобогати“, кажа Гебрејесус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира