ЗАПАДНИТЕ ЛИДЕРИ БАРААТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УКРАИНСКИТЕ НУКЛЕАРКИ, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ МОЖНИ СЕ РУСКИ НАПАДИ ПРЕД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 24 АВГУСТ

    ЗАПАДНИТЕ ЛИДЕРИ БАРААТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УКРАИНСКИТЕ НУКЛЕАРКИ, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ МОЖНИ СЕ РУСКИ НАПАДИ ПРЕД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 24 АВГУСТУкраинските тимови за итни случаи во близина на нуклеарната централа во Запорожје вежбаа што да прават во случај на катастрофа (Фото: Гети)

    Велика Британија, Франција, Германија и САД ја истакнаа потребата да се осигура безбедноста на нуклеарните инсталации загрозени од војната во Украина. Во телефонскиот разговор, вчера четворицата лидери ја повторија и својата поддршка за Украина против руската инвазија. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарна централа Запорожје под контрола на Русија, што ги зголемува стравувањата од катастрофа. Руските сили денеска продолжија со нивната офанзива низ неколку украински региони, додека претседателот Володимир Зеленски предупреди на потенцијални посериозни напади пред 31-годишнината од независноста на Украина од советската власт.

    Зеленски ги повика Украинците да бидат внимателни пред прославите на Денот на независноста.

    „Русија може да се обиде да направи нешто особено одвратно, особено сурово“, рече тој во обраќањето викендов. „Една од клучните цели на непријателот е да нè понижи, но мора да бидеме доволно силни за да се спротивставиме на секоја провокација“, рече Зеленски.

    Денот на независноста на Украина в среда, 24 август, ќе одбележи и шест месеци откако Русија ја нападна Украина.

    Украина вчера соопшти дека имало повеќе ракетни напади, особено во градот Никопол, во близина на нуклеарката Запорожје.

    Конфликтот вчера беше тема на конференцискиот телефонски разговор меѓу британскиот премеир Борис Џонсон, американскиот претседател Џо Бајден, неговиот француски колега Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Тие побараа воена воздржаност околу нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, во јужна Украина, каде што обновените борби доведоа до стравувања од катастрофа полоша од онаа во Чернобил во 1986 година.

    Лидерите го поздравија договорот – одобрен од рускиот претседател Владимир Путин во петокот – да им се дозволи на инспекторите на ОН да ја посетат фабриката. Четворицата лидери рекоа и дека „се договориле оти поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската агресија ќе биде одржлива“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира