ЗАВРШИ ОПСАДАТА НА „АЗОВСТАЛ“, РУСИЈА КАЖА ДЕКА СЕ ПРЕДАЛЕ И ПОСЛЕДНИТЕ УКРАИНСКИ БОРЦИ

    ЗАВРШИ ОПСАДАТА НА „АЗОВСТАЛ“, РУСИЈА КАЖА ДЕКА СЕ ПРЕДАЛЕ И ПОСЛЕДНИТЕ УКРАИНСКИ БОРЦИПоследните бранители на Мариупол беа блокирани во фабриката од 21 април (Фото: АП)

    Руската војска објави дека челичарницата „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена откако денеска се предале и последните украински борци. Министерството за одбрана кажа дека излегла и последната група на припадници на Азовскиот баталјон, составена од 531 војник.

    Територијата на металуршката фабрика ‘Азовстал‘, каде што украинските милитанти од Азовската нацистичка формација беа блокирани од 21 април, е целосно ослободена. Од 16 мај, 2.439 неонацисти од Азов и украински војници го положија оружјето и се предадоа. Последната група од 531 милитант се предаде денеска“, изјави генерал-мајорот на руската војска Игор Конашенков.

    Украина во понеделникот кажа дека му наредила на мариуполскиот гарнизон да прекине со борбите со цел да се спасат животи, вклучувајќи голем број тешко ранети. Нејасно е што ќе се случува со последните бранители на Мариупол, од кои најголем дел беа префрлени во руска затворска колонија близу Доњецк. 

    Подземните објекти на комплексот, каде што милитантите се криеја, се под целосна контрола на руските вооружени сили“, соопшти руското министерство за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира