ЗЕЛЕНСКИ БАРА БОРБЕНИ АВИОНИ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ, РУСИЈА ПОЧНУВА НОВА ОФАНЗИВА ВО ЛУГАНСК

    ЗЕЛЕНСКИ БАРА БОРБЕНИ АВИОНИ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ, РУСИЈА ПОЧНУВА НОВА ОФАНЗИВА ВО ЛУГАНСКЗеленски вчера со сретна со Олаф Шолц и Емануел Макрон во Париз (Фото: ЕПА)

    Руските сили ја повратија иницијативата и почнаа нова голема офанзива во источниот регион Луганск, објави американскиот Институт за проучување војна.

    Ангажирањето на значајни елементи од најмалку три големи руски дивизии во офанзивните активности во овој сектор навестува дека руската офанзива е почната, иако украинските сили засега го спречуваат напредокот на руските сили“, стои во новиот извештај на Институтот.

    Оттаму додаваат дека темпото на руските операции долж линијата Сватове-Кремина во западен Луганск значително се засилило во изминатите недели. Цитирајќи руски извори, од Институтот велат дека руските сили ги напаѓаат украинските одбранбени линии, остварувајќи напредок долж границата Харкив-Луганск.

    За тоа време, украинскиот претседател Володимир Зеленски е на европска турнеја, на која пред лидерите на Велика Британија, Франција и Германија го изнесе своето барање за испраќање борбени авиони. Тој денеска ќе се сретне и со лидерите на Европската Унија во Брисел, каде што повторно ќе се зборува за ова.

    Германија и Франција имаат способност да го променат текот на војната против Русија така што ќе ја снабдат Украина со борбени тенкови, модерни борбени авиони и проектили со долг дострел“, кажа Зеленски по средбата со Олаф Шолц и Емануел Макрон во Париз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира