ЗЕЛЕНСКИ ГИ ОБВИНИ САД ЗА НЕПОДГОТВЕНОСТ ДА Ѝ ПОМОГНАТ НА УКРАИНА ОТКАКО ЗА ДВА ДЕНА ЗАГИНАА 78 ЛУЃЕ ВО РУСКИ НАПАДИ

    ЗЕЛЕНСКИ ГИ ОБВИНИ САД ЗА НЕПОДГОТВЕНОСТ ДА Ѝ ПОМОГНАТ НА УКРАИНА ОТКАКО ЗА ДВА ДЕНА ЗАГИНАА 78 ЛУЃЕ ВО РУСКИ НАПАДИЗеленски го посети градот Прилуки, каде што во една станбена зграда загинаа 22 луѓе (Фото: ДПА)

    Володимир Зеленски ги обвини САД за неактивност и за неподготвеност да ѝ помогнат на Украина, откако вчера во руски бомбашки напад на истокот на земјата загинаа најмалку 35 лица, со што вкупниот број жртви во изминатите два дена надмина 70. Неколку часа откако во Краматорск беа погодени два автобуса, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да одржува економски врски со Русија, а истовремено да посредува во војната што трае повеќе од четири години.

    Нападот врз Краматорск уследи ден по масивниот руски напад врз Украина за 74. роденден на Владимир Путин, кога само во една станбена зграда во градот Прилуки загинаа 22 луѓе. Зеленски изјави дека 78 лица загинале, а 215 биле ранети во нападите низ Украина во изминатите два дена.

    „Каде е вистината тука, каде е искреноста? Каде е застојот? Тоа се нарекува неподготвеност. Не може, од една страна, да се преговара со Русите за идни економски проекти, а од друга страна да се вели дека се наоѓаме во некаков дипломатски ќор-сокак“, рече Зеленски, осврнувајќи се на изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио дека војната е во ќор-сокак.

    Во последните месеци, Украина се обидува да ја преземе иницијативата на бојното поле, при што го забави напредувањето на руските сили, но трпи страшни последици од сè побруталните руски воздушни удари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира