ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПОКАНИ МЕРКЕЛ И САРКОЗИ ВО БУЧА ДА ВИДАТ СО ШТО РЕЗУЛТИРАЛЕ НИВНИТЕ ОТСТАПКИ КОН РУСИЈА

    ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПОКАНИ МЕРКЕЛ И САРКОЗИ ВО БУЧА ДА ВИДАТ СО ШТО РЕЗУЛТИРАЛЕ НИВНИТЕ ОТСТАПКИ КОН РУСИЈАУкраина почна истрага за можни руски воени злосторства во киевскиот регион, посебно во Буча, каде што по улиците беа најдени мртви цивили по повлекувањето на руските трупи. (Фото: Твитер)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги покани Ангела Меркел и Никола Саркози да ја посетат Буча „за да видат до што довела политиката на отстапки кон Русија“.

    „Ги поканувам Ангела Меркел и Никола Саркози да дојдат во Буча и лично да видат со што резултираше политиката на отстапки кон Русија во изминатите 14 години. Со свои очи да видат измачувани и убиени Украинци“, изјави Зеленски во своето последно видеообраќање.

    Тој потсети дека денеска се навршуваат 14 години од самитот на НАТО во Букурешт, кога, како што кажа, Украина можела да биде извлечена од „сивата зона“ меѓу НАТО и Русија.

    „Во таа сива зона Москва мисли дека се ѝ е дозволено. Дури и да прави најстрашни воени злосторства. НАТО тогаш ја одби можноста да ја прими Украина во своето членство поради стравот на некои политичари од Русија. Во изминатите 14 години, Украина помина низ револуција и осум години војна во Донбас. Јас не го обвинувам западот за оваа војна, но имаме право да зборуваме за неодлучноста која доведе до Буча, Хостомел, Харкив и Мариупол“, кажа Зеленски.

    Украинските сили викендов ја повратија контролата врз целиот киевски регион, на кој му припаѓаат и Буча и Хостомел, каде што сега властите спроведуваат истрага за можни руски воени злосторства. Досега се пронајдени 410 тела на цивили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира