ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПОСЕТИ УКРАИНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО БАХМУТ

    ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПОСЕТИ УКРАИНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО БАХМУТЗеленски им се заблагодари на војниците за херојската одбрана на Украина (Фото: кабинетот на Зеленски)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети Бахмут, град на првата линија на фронтот, каде што веќе со месеци се водат најжестоките борби. Иако Русите во изминатите недели тврдеа дека напредуваат, украинската војска продолжува да го брани веќе уништениот град и британското министерство за одбрана денеска кажа дека таа дури почнала противофанзива во неговиот западен дел.

    Од кабинетот на Зеленски кажаа дека тој се сретнал со војници на истурените позиции во Бахмут и им се заблагодарил за напорите да ја одбранат Украина.

    „Почестен сум што денеска сум овдека и што можам да им стиснам рака на овие херои“, изјави Зеленски.

    Русите интензивно го напаѓаат Бахмут повеќе од седум месеци, но досега не успеаја целосно да го опколат или да ги принудат Украинците на повлекување.

    „Борбите продолжуваат околу центарот на градот, но постои реална можност дека рускиот напад го изгубил моментумот“, објави британското министерство за одбрана.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира