ЗЕЛЕНСКИ КАЖА ДЕКА УКРАИНСКАТА ОФАНЗИВА ВО КУРСК Е ДЕЛ ОД ПЛАНОТ ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА СО РУСИЈА

    ЗЕЛЕНСКИ КАЖА ДЕКА УКРАИНСКАТА ОФАНЗИВА ВО КУРСК Е ДЕЛ ОД ПЛАНОТ ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА СО РУСИЈАУкраинските сили влегоа во Курск пред три недели (Фото: ЕПА)

    Володимир Зеленски изјави дека војната со Русија веројатно ќе заврши со дијалог, но Украина претходно мора да биде во силна позиција. Тој кажа дека ќе претстави план за крај на војната пред Џо Бајден и двајцата негови можни наследници во Белата куќа.

    Зеленски потврди дека тринеделната украинска офанзива во рускиот регион Курск е дел од тој план, но тој содржи и други политички и дипломатски чекори.

    Главната точка на планот е да се принуди Русија да ја заврши војната, а јас многу го сакам тоа. Тоа би било фер за Украина“, кажа Зеленски.

    Тој не ги изнесе другите чекори од планот, додавајќи дека ќе разговара за него со Камала Харис и можеби со Доналд Трамп. Зеленски се надева дека ќе оди во САД следниот месец, кога планира да се сретне и со Бајден.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна изјави дека разговори со Украина не доаѓаат предвид откако таа изврши упад на руската територија. Украина денеска објави дека зазела површина од 550 квадратни километри и 100 населени места во офанзивата во Курск, а биле заробени и речиси 600 руски војници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира