Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави победата на Украина на Изборот за песна на Евровизија, велејќи дека неговата земја, иако е тешко погодена од војната со Русија, ќе направи сè што може да го организира настанот следната година во сега уништениот Мариупол.
Откако Калуш Оркестра победи ноќеска во Торино со песната „Стефанија“, украинскиот претседател објави соопштение на Телеграм:
„Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа. Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија. Ќе направиме сè што можеме еден ден да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол. Слободен, мирен, повторно изграден. Сигурен сум дека и нашиот победнички акорд во битката со непријателот не е далеку“.
Пејачот на Калуш Оркестра Олех Псиук синоќа ја искористи можноста да се обрати пред 180 милиони гледачи да побара помош за ослободување на украинсите војници опколени во челичарницата Азовстал во Мариупол.
„Ве молиме помогнете ѝ на Украина, на Мариупол. Помогнете му на Азовстал веднаш“, кажа пејачот Олех Псиук на сцената по настапот на неговиот бенд.
ЕБУ, организаторот на Евровизија, кажа дека украинскиот бенд нема да биде казнет што ја искористил сцената за ваква изјава.