ЗЕЛЕНСКИ ВО ПОСЕТА НА ПОЛСКА ДОДЕКА РАСТЕ РЕВОЛТОТ НА ПОЛСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД УВОЗОТ НА ЕВТИНОТО УКРАИНСКО ЖИТО

    ЗЕЛЕНСКИ ВО ПОСЕТА НА ПОЛСКА ДОДЕКА РАСТЕ РЕВОЛТОТ НА ПОЛСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД УВОЗОТ НА ЕВТИНОТО УКРАИНСКО ЖИТОПрвпат од почетокот на војната, Зеленски отпатува во странство со сопругата Олена (Фото: АП)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена беа пречекани со воени почести во Полска на стартот на посетата со која ѝ изразуваат благодарност за досегашната огромна поддршка во војната против Русија.

    Ова е едно од ретките излегувања на Зеленски од Украина откако почна војната во февруари 2022, при што досега ги има посетено само уште САД, Велика Британија, Франција и Белгија. За разлика од овие тајно планирани посети, доаѓањето во Полска беше најавено, при што Зеленски првпат е придружуван од сопругата.

    И додека Полска, која е членка на НАТО и ЕУ, ја модернизира својата војска со тенкови и опрема произведени во САД и Јужна Кореја, таа истовремено стана клучен сојузник на Украина и центар за транзит на хуманитарна и воена помош. Полска исто така прими 1,5 милиони украински бегалци.

    Зеленски ќе се сретне со претседателот и премиерот на Полска и ќе присуствува на економски форум, кој ќе се фокусира на обновата на Украина.

    Во исто време, неговата посета доаѓа во чувствително време, додека расте незадоволството на полските земјоделци од увозот на евтиното украинско жито, кое место да оди во Северна Африка и Блиски Исток, се складира во Полска и ја намалува цената на локалното жито. Поради овој проблем, полскиот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик поднесе оставка еден час пред доаѓањето на Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира